Фото: ФФМ

У19: Македонските фудбалери поразени во првиот контролен меч против Словенија

Во првиот од двата контролни натпревари кои македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги игра против Словенија, забележан е пораз од 3:1.

Гостите поведоа во 26 минута, а стрелец на голот беше Флоријан Межнар. Само пет минути подоцна Денис Виденовиќ зголеми на 2:0.

Во 42 минута Иво Марковски го совлада противничкиот голман и ја намали предноста на Словенците на 2:1.

Конечниот резултат беше поставен во 74. минута кога во листата на стрелци се запиша Тилен Летоња.

Составот предводен од Димитар Капинковски против Словенија ќе одигра уште еден дуел и тоа в четврток, а натпреварот на теренот во комплексот Горан Пандев ќе се одигра од 12.00 часот.

Македонија У19: 1. Александар Трајков, 2. Албан Рочи (21.Валмир Хамити 70), 4. Матео Кесиќ, 5. Андреј Димовски (19.Флорент Османи 70), 7. Флори Иљази (23.Стефан Јорданоски 70), 8. Лорент Жаку (3.Стефан Секирски 70), 10. Иван Танчев (18.Ристе Милев 80), 11. Стефан Бранковски (17.Мартин Џангаровски 60), 13. Иво Марковски (15.Стефан Стаматовски 70), 16. Филип Цветковски (5.Андреј Димовски 80), 20. Лука Варошански (6.Матеј Киш 80).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот