У19: Македонија против Фарски Острови на стартот од квалификациите за Европското првенство
Македонската фудбалска репрезентација до 19 години оваа недела ќе настапи во првата рунда од квалификациите за пласман на Европското првенство.
Препорачано
Составот предводен од Димитар Капинковски е дел од групата во која покрај Македонија ќе партиципираат селекциите на Фарски Острови, Молдавија и домаќинот Холандија.
-Преку турнирите и тренинг-камповите што ги организиравме во текот на изминатиов период имавме доволно време да се подготвиме за она што нè очекува. За жал на овој турнир ќе настапиме без Ненад Дамјановски кој паузира поради потешка повреда, а во идентична ситуација се Александар Грашески и Стоилов кои сè уште се рехабилитираат. Во моментов на располагање ги имаме најдобрите од оваа генерација и ќе направиме сè за да се покажеме во најдобро издание. Настапот во овие квалификации е одлична можност преку играње на натпревари со квалитетни противници да го стекнат потребното искуство што многу ќе им помогне во текот на кариерата – изјави Капинковски.
Прв противник ни е селекцијата на Фарски Острови, натпреварот ќе се игра денеска со почеток од 17.00 часот.
Од 18.00 часот Холанѓаните ќе се соочат со селекцијата на Молдавија во рамките од квалификациската група 5.


