Фото: ffm.mk

У18: Македонските фудбалери ќе играат контролен меч против Србија во Стара Пазова

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 18 години на 30 април ќе игра контролен натпревар против Србија во Стара Пазова со почеток од 12.00 часот.

Предводникот на националниот тим Димитар Капинковски за овој дуел ќе смета на 19 играчи кои настапуваат во домашниот шампионат.

Мечот против Србија ќе биде уште една проверка на можности на овој состав кој веќе од септември влегува во натпреварувачкиот систем на УЕФА и се вклучува во квалификациите за фудбалери до 19 години.

Селекторот Капинковски не можеше да смета на сите играчи, дел од нив поради обврски кон клубовите нема да бидат дел од составот што ќе замине за Стара Пазова.

СПИСОК НА ФУДБАЛЕРИ

ГОЛМАНИ: Александар Трајков (АП Брера), Антони Трајковски (Вардар)

ОДБРАНА: Стефан Секирски (Новаци), Виктор Мачовски (АП Брера), Андреј Димовски (АП Брера), Цека Назиф (Шкендија), Стефан Јорданоски (Вардар), Стефан Стаматоски (Вардар).

СРЕДЕН РЕД: Славчо Мисајловски (Тетекс), Јован Мрмачовски (Пелистер), Бојан Велков (АП Брера), Давид Ангелески (Пелистер), Флори Иљази (Шкендија), Габриел Талески (АП Брера)

НАПАД: Иво Марковски (Вардар), Дамјан Буцевски (Македонија ЃП), Матеј Сејменов (АП Брера), Иван Танчев (АП Брера), Мартин Џангаровски (Македонија ЃП).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот