Фото: ffm.mk

У17: Македонските фудбалери ремизираа против Грузија во Тбилиси

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години одигра без голови, 0:0, на првиот контролен натпревар против Грузија одигран во Тбилиси.

Избраниците на селекторот Влатко Колев ја имаа најдобрата можност за победа во самиот финиш на средбата. Во 88 минута, по удар со глава на Андреј Цветковски, топката беше исфрлена од самата гол-линија од страна на домашните фудбалери, со што остана почетниот резултат.

Македонија до 17 години: Амин Суљовиќ, Тео Стојчевски, Филип Цветковски, Давид Лиотоски, Марко Мирчевски, Арда Иљазовски, Васко Папалиски, Андреј Цветковски, Мелдин Аломеровиќ, Самуел Вртковски, Грегоријан Михајловски;

Даријан Денковски, Алекса Јазагиќ, Александар Петровски, Лука Јасмин Георгиев, Павел Миронски, Лука Кнезевиќ, Блерон Буши, Павел Рибарски, Ринор Цека;

Двете репрезентации на 26 февруари ќе го одиграат и вториот контролен натпревар. Нашите фудбалски надежи се подготвуваат за квалификациска фаза од Елитна рунда за пласман на Европското првенство. За место на континенталниот шампионат ќе се соочат со Германија, Франција и Словенија. Турнирот ќе се одигра кон крајот на март, а пласман во завршницата обезбедува само освојувачот на првата позиција.

Завршницата на Европското првенство ќе се одржи од 25 мај до седми јуни оваа година, а домаќин е Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот