Фото: ФФМ

У16: Македонските фудбалски надежи загубија во вториот дуел против Летонија во Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 16 години претрпе пораз во вториот контролен натпревар против Летонија со 2:0. Селекторот Иљами Исени за денешниот дуел се реши да направи голем број измени во стартната постава, а се со цел да им даде шанса на сите повикани фудбалери за овие мечеви. Во првиот од двата пријателски мечеви, македонската репрезентација до 16 години ја совлада Летонија со 2:1.

Летонците денеска беа поквалитетен противник и заслужено стигнаа до победа иако и избраниците на Исени имаа неколку шанси за да ја затресат мрежата на гостите.

Првиот погодок беше постигнат во петтата минута, а стрелец беше Адрианс Куракинс. Само седум минути подоцна обидот на Матеј Бочески го одбрани голманот Иванаускас, додека во 31 минута, Коста Георгевски го погоди дирекот од голот на противникот.

На почетокот од второто полувреме во 54 минута Илија Аксентиев имаше одлична шанса за израмнување, но Иванаускас ја спаси својата мрежа. Во 69 минута Андрис Аизсилниекс зголеми на 2:0 и го постави конечниот резултат.

До крајот на натпреварот Македонија имаше можност да стигне до погодок, но ударот на Марин Крстевски од непосредна близина заврши преку голот.

Пријателски натпревар

У16 МАКЕДОНИЈА – У16 ЛЕТОНИЈА 0:2 (0:1)

Стадион: Тренинг центар Петар Милошевски – Скопје

МАКЕДОНИЈА У16: 1. Илхан Мемети (Лука Спасески 80), 2. Митко Стојанов (6. Амар Акики 55), 4. Матеј Бочески (17. Огнен Сивевски 67), 7. Александар Полимац (3. Михајло Павлов 80), 10. Далибор Марковиќ (18. Адриан Велески 55), 13. Ејсер Фетаи (5. Филип Ѓорѓиоски 80), 14. Марко Петровски (16. Љис Имери 46), 15. Илија Аксентиев (24. Давид Наумоски 80), 19. Коста Георгиевски (11. Марин Крстевски 67), 21. Благојче Седлоски (25. Филип Андоновски 80), 23. Аулон Куртиши (8. Дардан Адеми 46).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот