Фото: ФФМ

У16: Македонските фудбалерки поразени од Андора на пенали на УЕФА развојниот турнир

По стартната победа од 5:0 над Сан Марино, во вториот настап на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години, репрезентацијата на Македонија загуби од Андора и тоа по подобро изведување на удари од белата точка.

По 90 минути натпреварот заврши нерешено 2:2 и според правилата победникот се решаваше не пенали. Гостинките поведоа во 14 минута со погодокот на Бос, а во 79 минута Андора дојде до предност од 2:0.

Во завршните 10 минути избраничките на селекторката Катерина Милеска успеаја да постигнат два погодоци и да се изборат за изведување на удари од 11 метри. Во 82 минута, Елена Наумоска намали на 2:1, а пет минути подоцна го постигна израмнувачкиот гол.

Во пенал серијата репрезентативките на Андора беа поуспешни откако обидот на Марија Велиновска го одбрани противничката голманка.

Во вториот натпревар Косово го совлада Сан Марино со 2:0. Токму селекцијата на Косово е нашиот следен противник, а мечот од последното коло е на програмата в понеделник и ќе се игра на стадионот во Турново со почеток од 13.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот