Фото: ФФМ

У16: Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Летонија во првиот контролен меч

Во првиот од двата контролни натпревари што се играат во Скопје, македонската репрезентација до 16 години ја совлада Летонија со 2:1.

Избраниците на селекторот Иљами Исејни уште од самиот почеток тргнаа офанзивно кон голот на противникот и по неколку можности за погодок, во 18 минута Медин Емини по асистенција на Адријан Велески успеа да го совлада противничкиот голман и да и донесе предност на Македонија од 1:0.

И во продолжението нашите надежи имаа шанса да го зголемат водството, но ударот на Марин Крстевски заврши во голманот на Летонците, Хуго Вилкинс.

Во 21 минута од средбата Летонија ја искористи единствената можност и преку Хенријс Хотомс израмни на 1:1. До крајот на првото полувреме Александар Полимац имаше шанса за погодок, но неговиот обид беше изблокиран.

Македонија и во второто полувреме продолжи со доминација на теренот, најсериозните можности за гол ги имаа Стефан Ристиќ и Велески, кој во 89. минута по асистенција на Полимац со прекрасен удар го совлада Вилкинс.

Репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе одигра уште еден контролен натпревар со Летонија, кој е на програмата в петок со почеток од 13.00 часот.

МАКЕДОНИЈА У16: Димитар Петров, Филип Ѓорѓиоски, Амар Акики, Александар Полимац, Дардан Адеми (Матеј Бочески 77), Стефан Ристиќ (Благојче Седлоски 83), Марин Крстевски (Далибор Марковиќ 89), Огнен Сивевски, Адријан Велески (Ејсер Фетаи 89), Медин Емини (Илија Аксентиев 77).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот