У14: Македонските фудбалери поразени и во вториот тест против Словенија
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 14 години загуби со 4:3 од соодветната селекција на Словенија во рамките на вторатата контролна пресметка одиграна помеѓу овие две селекции на тренинг центарот „Петар Милошевски”.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Двете репрезентации одиграа добар натпревар, со отворена игра, многу шанси и седум постигнати погодоци. Македонија одлично го отвори натпреварот и рано уште во првата минута успеа да поведе со 1:0, искористувајќи ја грешката на противникот во одбраната.
Противникот направи комплетен пресврт и до 25 минута постигна три погодоци. Македонија преку Борис Матески и Виган Таири успеа да се врати во игра и го израмни резултатот на 3:3. Победничкиот гол Словенија го постигна во 80. минута од натпреварот.
Македонија У14: Давор Танески, Огнен Божиновски, Андреја Блажев, Ариан Исаку, Наум Пашовски, Амар Незири, Павел Димоски, Драган Петков, Доротеј Христов, Васко Трајков, Дамјан Стрезовски. Селектор: Горан Станковски.
Нашата младата селекција и на првиот натпревар со Словенија, во Скопје беше поразена со 3:1.


