Турскиот бек Озтурк е нов играч на РК Металург

Фото: rkmetalurg.mk

Турчинот Халил Озтурк (25 г., 190 см., 90 кг.) е осмото засилување на Металург за новата сезона. Озтурк игра на позиција среден, но и лев, бек и со Металург потпиша двегодишна соработка.

Озтурк доаѓа од екипата на актуелниот шампион на Турција, Спорт Тото (порано позната како Мили Пјанго) и за него тимот од Автокоманда е прво интернационално искуство.

Озтурк потекнува од редовите на турскиот тим Нацинал лотарија, чиј член бил до својата 22 година. Во сезоната 2018/2019 беше дел од турскиот тим Гозтепе, а последните две сезони ги мина во редовите на Спор Тото, со кој годинава го освои турскиот шампионат. Зад себе Озтурк има 55 настапи за младинските селекции на Турција, со кои во 2013 година добил место во олстар-тимот на Балканското првенство, а на младинските Медитерански конфедерациски игри во Италија 2014 бил прогласен за најдобар централен бек во олстар-тимот.

Халил Озтурк веќе тренира со Металург во Маврово…

– Многу сум среќен и возбуден што доаѓам во голем клуб како Металург, бидејќи ова е голем чекор напред во мојата професионална кариера. Особено ме радува одличниот прием на тренерот и соиграчите и тоа што одлично се работи за време на тренинзите. Ветувам дека ќе го оправдам мојот ангажман со давање на мојот максимум во остварување на клупските амбиции, а со мојата добра игра би сакал на најдобар можен начин да ја претставам мојата земја – изјави Озтурк.

Покрај Озтурк, Металург досега се засили со тројца Французи, браќата Оливие и Кевин Њокас и Абдула Мане, Португалецот Улисис Рибеиро и македонските ракометари Костадин Петров, Бобан Каковски и Димитар Бардаковски. И покрај осумте засилувања, ростерот на Металург сè уште не е затворен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот