Турски клуб го купува македонскиот „Давид Луиз“?

Фото: ФК Вардар

Али Адем кој по фризурата многу потсетува на бразилскиот фудбалер Давид Луиз и сезонава ги брани боите на Вардар, односно негова трета година во дресот на „црвено-црните“.

Како што пренесува турскиот веб портал „ajansspor.com“, 19-годишниот Адем се очекува да го облече дресот на Касимпаша.

Истиот извор вели дека Али Адем кој го нарекува како „новиот Елиф Елмас“ се очекува да направи трансфер вреден 200.000 илјади евра.

Моментно после 11 кола во турскиот шампионат Касимпаша се наоѓа на 13 место со 12 бодови.

Сезонава Адем има досега 13 одиграни натпревари и еден постигнат гол во домашната победа над Борец (2:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот