Турчинка се развела од сопругот поради лоша хигиена, ќе ѝ плати отштета од 16.000 долари

Илустрација / Фото: Профимедиа

Турскиот суд издал дозвола за развод на брачна двојка од Анкара поради лошата хигиена на сопругот и тој на својата сопруга треба да и плати отштета во износ од 500.000 турски лири (16.475 долари), пренесува „Хуриет дејли њуз“.

Судот ја прифати причината на сопругата за несоодветната хигиена на сопругот како доволна основа за раскинување на нивниот брак и го смета сопругот целосно одговорен за неговиот распад.

Сопругата поднела барање за развод, обвинувајќи го нејзиниот сопруг дека ја занемарувал личната хигиена, дека не се капел со денови, ги миел забите само еднаш или двапати неделно и дека ја користи истата облека со денови.

Првичната пресуда за случајот, издадена од семеен суд во Анкара, конечно беше потврдена од Апелацискиот суд, кој потврди дека сопругот како странка која ја занемарила личната хигиена сноси целосна вина за околностите кои довеле до развод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот