Тупурковски: Есма сакаше да ни ја препише куќата (ВИДЕО)

Фото: Промо

Васил Тупурковски Циле, со нова тура интересни приказни ќе биде гостин во новата 1на1, во недела од 18.30 на Канал 5.

Минатата недела, Жаре и Тупурковски муабетеа за неговата младост и за времето на Југославија, а оваа епизода, снимена во канцеларијата на Жаре опфаќа анегдоти од деведесетите. Има и една интересна приказна од младоста.

„Работев како келнер во САД. Ме избркаа поради кошарка“, изјави Тупурковски.

За оставката што му ја дал на Киро Глигоров, за проектот Тајван, за другарството со Есма, ќе раскаже Тупурковски во недела.

„Есма сакаше да ни ја препише куќата, да биде седиште на нашата партија ДА“, се присети Тупурковски на кралицата на ромската музика.

Во продолжение, погледнете две интересни приказни, за Есма и за омилените кафани на Тупурковски:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот