Тупанчевски: Медиумите лиферуваа дека Правда ќе се најде на „Пазар 3“

Никола Тупанчевски, Министер за правда / Слободен печат.
Никола Тупанчевски, Министер за правда / Слободен печат.

Во Министерството за правда не постои никава оптовареност во однос на најавената можност дека токму тој ресор ќе биде дел од реконструкцијата заради влез на Алијансата за Албанците во Владата, изјави првиот човек на Министерството при посетата на вишото апелациско подрачје во Штип додавајќи и дека не е сигурен дека брзата промена на министри може да резултира со позитивни поместувања.

Ова прашање веќе третпат се поставува за два дена и навистина во најголем дел од медиумите беше лиферувано дека Министерството за правда ќе биде едно од министерствата што ќе биде ставено на Пазар 3, фигуративно кажано дека ќе биде на берза во однос на некакви рокади или во однос на замени на министерските места. Апсолутно и јас како министер, но и како Министерство за правда не сме оптоварени од ваквиот развој. Јас реков, до последен ден, додека сме во Министерството, ќе го даваме својот максимум. Не би сакал да го коментирам политичкиот или партискиот контекст кој доведе до ова, но она што морам да го кажам е дека, дефинитивно, сме Министерство кое и досега можеше да се пофали со одредени резултати, изјави Тупанчевски

Потенцираше дека брзата промена на министри не претставува најдобро решение, но дефинитивно не се зависи од Министерството за правда.

Многу работи зависат од фактори кои не се директно поврзани со Министерството. Не постои викаква оптовареност каков ќе биде развојот на настаните, дефинитивно сме подготовени да одговориме на сите предизвици, заклучи Тупанчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот