ФОТО | Тука живее Здравко Чолиќ: Соседите отркиваат што мислат за него и зошто никогаш не го фотографираат

Фото: Инстаграм

Вилата на Чола е опкружена со зеленило, пред неа има голем двор, две капии и високи мерки за безбедност. Меѓутоа, интересно е тоа што ниту еден сосед досега не се осмелил тајно да го слика мегапопуларнот пејач како излегува или се враќа дома, како и членовите на неговото семејство.

Семејниот дом на Чолиќ / Фото: Принсткрин

Сосетката Сања има ќерки на иста возраст како ќерките на пејачот, а првата средба со Здравко им била во маалското детско игралиште.

– Првиот пат кога го видов не можев да поверувам. Неговите деца и моите деца си играа на игралиштето. Еден човек ми се обрати, а кога се свртев, што да видам – тоа беше познатиот Чола. Застанав, гледам и не верувам! Убаво се смееше и оттогаш секогаш одговара учтиво кога ќе се сретнеме на игралиштето. Како и да е, сега тој доаѓа на игралиште со неговата помлада ќерка Лара, постарата го надмина тоа, исто како и мојата. Тој е народен човек, можам да кажам сè најдобро за него – вели сосетката Сања.

Здравко сака да пешачи и да џогира, па оние што трчаат во блиската шума честопати можат да го видат како се рекреира. Соседот Богдан вели дека однесувањето на Чолиќ треба да биде пример за другите јавни личности за тоа како треба да се однесуваат.

Папарацо лов: Здравко пешачи во околината на својот дом

– Ма Чола е господин, сите соседи ќе ви го кажат тоа. Се среќаваме често на прошетки и во блиските ресторани. Тој секогаш одговара на прашањата и е многу љубезен. Тој треба да биде пример за другите познати личности за тоа како треба се однесува една ѕвезда во општеството. Мислам дека таквата пејачка величина нема да се повтори на нашите простори. Вежба често, многу е дисциплиниран и секогаш е во топ форма – изјави Богдан, пензионирано воено лице.

Енигматичната сосетка, која не сака да го открие своето име за српскиот медиум Пулс, вели дека и се восхитува на Чола што успеал да го спаси семејството од јавниот живот.

– Знам сè за Здравко, но нема да ви кажам. Мојата куќа е близу до неговата, а дојдовме од ист крај. Мислам дека Чола е најпаметен од сите славни личности, тој ги „крие“ своите најблиски и така треба да остане. Како што гледам, и келнерите и соседите го почитуваат тоа, и досега никој не се осмели да направи лошо, како рушење на приватноста со продавање на тајни фотографии од него и неговото семејство. И знаете зошто е тоа така, затоа што Чола е извонреден човек и таквиот третман од народот вреди – вели таа.

Сопругата на Здравко, Александра Чолиќ речиси никогаш не се појавува во јавноста

Сосетката Снежана открива дека и е многу жал што не се сликала со него, еднаш кога имала можност.

– Тој еднаш беше пред мене со автомобилот, возачот го возеше и излезе на улицата да му купи нешто. Го прашувам: „Дали е таа Чола во автомобилот?“ И тој кимна со главата. Ми беше срам да му пријдам да се сликам, што ќе прави, човек со толку обожаватели, кој знае колку од нив го мачат да се слика. Еве и денес, жалам што не се сликав со него тој ден, не знам дали повторно ќе имам таква можност. Чола е нашата најголема ѕвезда – вели Снежана, која истакнува дека е горда што Здравко е во нејзиното соседство.

Во областа кадешто живее, сите имаат само пофални зборови за него, дури и најмладите.

– Знаеме дека таткото на Лара е пејач, и дека е многу познат. Тој е голем човек, го гледаме во парк, а потоа и на ТВ, навистина е скромен  – срамежливо вели едно од децата кое се дружи со Лара.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот