Трудница одлучила да ја ампутира ногата за да го спаси своето бебе

Кетлин Конер (29) од Тексас се возела со тогашниот сопруг Џејлон на мотор, кога во нив удрила жена која пишувала пораки на телефон додека возела. Жената влегла со автомобилот во нивната лента и не ги видела.

Конер веднаш била однесена во болница со тешки повреди на ногата, скршени коски на стапалото и сериозни изгореници. Неколку часа по првата операција, кога се разбудила, медицинската сестра и рекла дека веќе четири недели е трудна.

– Јас излетав од моторот и паднав на грб. Се сеќавам на превртувањето и лизгањето по патот. На пат кон болницата им реков на докторите дека се обидуваме да добиеме бебе. Се сеќавам дека пред операцијата ме прашаа дали сум трудна. Им реков дека се обидуваме, но дека последните два теста беа негативни. Тогаш заспав под анестезија – раскажала Конор.

Поради бременост на следните операции можела да прими дури минимална доза на анестезија и таблети против болки, за да не му се наштети на бебето. Но, за да ја спаси ногата од ампутација, докторите морале повторно да и ги спојат мускулите и тетивити, да ги заврстат скршените коски, односно да ја искористат коската од колкот за да ја поплнат дупката во левиот глужд. По две недели и шест операции, одлучила да ја ампутира ногата за да го спаси своето бебе од операција.

– Штом слушнав дека сум трудна, добив некој друг за кој треба да се грижам, па веќе не се фокусирав самата на себе – објаснила таа.

Сега се се вртеше околу моето бебе. Мојата нога веќе не ме дефинираше како личност, но бебето тоа ќе го направи. Така размислував тогаш – додава таа.

Конер добила протетска нога, а нејзина цел било да научи да оди пред да се роди нејзината ќерка. Девојчето се родило на 13 јануари 2015 година. И било исклучително напорно бидејќи телото и се менувало како резултат на бременоста, како и од зголемувањето на бројот на килограми. Но, оваа храбра мајка не се откажувала. По породот започнала со кросфит вежби за да изгради мускули и да стане посилна со цел да може да се грижи за својата ќерка.

– Почнав да вежбам што е можно повеќе спортови. Така ја открив љубовта кон пливањето, велосипедизмот, скијањето и боксот – вели Конор.

Започнала да се натпреварува и како пара-олимпиец, а основала и непрофитна организација.

-Сакам да ги инспирирам другите да пробуваат работи од кои се плашат. Најдобарата работа која можеш да ја направиш во животот е да пробуваш – заклучила Конор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот