Тројно убиство во Подгорица – градежен работник ги убил колегите
Тројно убиство се случи во населбата Стар Аеродром во Подгорица, Црна Гора, а полицијата извести дека се пронајдени безживотни тела на тројца мажи. Се верува дека злосторството се случило во текот на ноќта во изнајмен стан, пишува Вјести.
Препорачано
Полицијата интензивно трага по В. М. од Рожај, кој е осомничен дека ги извршил убиствата. Меѓу убиените се и браќата Денис (28) и Незрин (27), исто така од Рожај. Осомничениот наводно бил пријател со жртвите и работеле заедно на градилиште во Подгорица.
Злосторството не е поврзано со конфронтациите на криминални групи.Полициската управа на Црна Гора објави дека го бара осомничениот Вехад Муриќ за тројното убиство и објави негови фотографии.
Во соопштението се наведува дека полицијата, во координација со Вишото државно обвинителство во Подгорица, презема итни мерки и активности за пронаоѓање на Муриќ.
„Според досегашните сознанија, овој настан не е поврзан со активностите на криминалните структури, додека полицијата има информации за идентитетот на осомничениот за извршување на ова кривично дело и интензивно го бара“, објави полицијата.
Медиумите јавуваат дека осомничениот Муриќ синоќа по злосторството отишол во својот роден град, каде што извршил насилство врз неговата мајка во семејниот дом.
Семејството го пријавило случајот во полиција, по што е откриено злосторството во Подгорица.
Осумнаесетгодишен Македонец осомничен за обид за убиство во Црна Гора


