Тројца повредени во сообраќајка во Сарај

Фото: МИА

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во МВР било пријавено дека во село Сарај  „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје, удрило во бетонски ѕид и во патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Ф.Р.(35) од Скопје.

Во незгодата Ф.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Е.Д.(23) се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Возачот И.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот