Тринаесет лица од Струмица, Радовиш, Валандово и Гевгелија не ја почитувале наредбата за полициски час

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица синоќа 13 граѓани ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од страна на Владата и Министерството за здравство за време на епидемија, односно го прекршиле полицискиот час со предвидените забрани за движење во определен период, информираа попладнево од СВР-Струмица.

– Седум од овие лица се затекнати на подрачјето на Полициската станица Струмица, три на подрачјето на Валандово, две на подрачјето на Гевгелија и едно на подрачјето на Радовиш, а во просториите на полициските станици се приведени три лица, стои во информацијата од струмичката полиција.

Додаваат дека до надлежните обвинителства вчера се поднесени и седум кривични пријави против 11 лица кои во претходните денови го прекршиле полицискиот час, од кои четири пријави против сшест лица се поднесени до Основно јавно обвинителство Радовиш, две пријави до ОЈО Валандово и една до ОЈО Гевгелија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот