Три значајни јубилеи одбележува Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Дабиља
По повод три јубилеи на Општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Дабиља, Струмица, на 7 декември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи Свечена академија во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.
Препорачано
За големиот јубилеј 160 години од формирање на првото училиште (1865-2025) реферат ќе поднесе познатиот фолклорист, патописец и истражувач Иван Котев, а Слово за Св. Кирил и Методиј, училиштето што го носи името на овие наши просветители во Дабиља, ќе упати Сузана Мицева.
Во културно-уметничката програма учество ќе земат ученици од школото читајќи свои лични творби, како и изложба на цртежи со мотиви од училиштето и од селото Дабиља, а музички настап ќе имаат ученици и школскиот хор.
Во уметничкиот дел ќе има поетски мигови со истакнатиот поет Георги Барбаровски, а свој музички перформанс ќе имаат нашите познати уметници Васил Атанасов В’чев на обоа, Катерина Гелебешева Костадиновска на пијано и Влатко Митев на фолклорен тапан, кои ќе изведат пригодна програма.
Покровител на настанот е Петар Јанков, градоначалник на Струмица, извести проф. м-р Васил Атанасов, претседател на Иницијативниот одбор за трите јубилеи во Дабиља.


