Фото: Приватна архива / Монтажа

Три сестри скокнале од деветти кат во Индија откако родителите им ги одзеле телефоните

Сестрите наводно скокнале една по друга од балконот на семејниот стан и оставиле осумстранична проштална белешка во дневник за своите родители. Во белешката, како што навел нивниот татко Кумар, биле опишани нивниот интерес за онлајн игри и изразена опседнатост со корејската култура. Тие наводно биле опседнати со „корејска игра што вклучувала низа задачи“, а најголемиот дел од времето го минувале дома, не одејќи на училиште во изминатите две години.

Три сестри починале оваа недела откако скокнале од деветтиот кат на нивната зграда во Индија, пренесе „Пипл“.

Според полицијата, постои сомнеж дека девојчињата станале „зависни“ од онлајн игра и дека неодамна им бил ограничен пристапот до мобилен телефон. Сепак, нивната смрт засега не е директно поврзана со конкретна игра.

Околу 2:15 часот по локално време во средата, на 4 февруари, полицијата реагирала по пријава дека „три девојчиња скокнале од балконот на деветтиот кат“ од станбена зграда во Газијабад, во близина на Њу Делхи.

Девојчињата биле идентификувани како сестрите Нишика, Прачии, и Пакхи. Најстарата сестра имала 16 години, помладата 14 години, а најмладата 12 години.

„Кога пристигнавме на местото, потврдивме дека три девојчиња, ќерки на Четан Кумар, починале откако скокнале од зградата“, изјави полицаец.

Сестрите наводно скокнале една по друга од балконот на семејниот стан и оставиле осумстранична проштална белешка во дневник за своите родители.

Во белешката, како што навел нивниот татко Кумар, биле опишани нивниот интерес за онлајн игри и изразена опседнатост со корејската култура.

Тие наводно биле опседнати со „корејска игра што вклучувала низа задачи“, а најголемиот дел од времето го минувале дома, не одејќи на училиште во изминатите две години.

„Тие ја играа таа игра две и пол до три години. Честопати велеа дека сакаат да одат во Кореја“, изјави Кумар.

Група родители и наставници покренаа петиција за забрана на социјалните мрежи за децата до 12 години

Навиките поврзани со користење телефони се влошиле за време на пандемијата со Ковид-19.

Но, во последните неколку дена им бил ограничен пристапот до телефон, „што изгледа дека силно влијаело врз нив,“ според заменик-комесарот на полицијата, Нимиш Пател.

„Ова не треба да му се случи на ниту еден родител или дете. Да знаев за таа игра, никогаш немаше да им дозволам да ја играат“, рече таткото Четан за медиумите.

Пател изјави дека досегашната истрага не открила конкретно име на игра, но дека е јасно оти девојчињата биле под влијание на корејската култура.

Еден месец без социјални мрежи: Како забраната ги менува тинејџерите во Австралија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот