Три огромни танкери денес поминале низ Ормускиот Теснец
Три супертанкери во саботата поминаа низ Ормускиот теснец, покажуваат податоците за бродскиот сообраќај, што укажува дека станува збор за првите бродови кои го напуштиле Персискиот Залив по постигнатиот договор за примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, објави „Блумберг“
Препорачано
Иранската блокада на овој клучен морски премин, преку кој поминуваат околу 20 проценти од глобалните испораки на нафта и течен природен гас, кон крајот на февруари ја наруши светската енергетска понуда и предизвика нагло зголемување на цените на нафтата.
Либерискиот танкер за сурова нафта „Серифос“, како и танкерите „Коспрл лејк“ и „Хе ронг хаи“, кои пловат под кинеско знаме, успешно влегле и излегле од т.н. пробно сидриште што го заобиколува иранскиот остров Ларак, покажуваат податоците на LSEG.
Секој од овие бродови има капацитет да пренесува околу два милиони барели нафта. Се очекува „Серифос“, кој товари нафта од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, да пристигне во малезиското пристаниште Малака на 21 април.
Танкерот „Cospearl Lake“ превезува ирачка нафта, додека „Хе ронг хаи“ транспортира саудиска сурова нафта. Двата брода се изнајмени од „Јунипек“, трговската подружница на кинескиот енергетски гигант „Синопек“.
Од компанијата засега нема официјален одговор на барањето за потврда на овие информации.


