Три лица загинаа во напад на турски дрон врз членови на ПКК во северен Ирак

Турски воени авиони ги ракетираа позициите на курдската милиција, вклучително и кампови за обука, засолништа и складишта за муниција во Ирак и северна Сирија/ Фото: МИА

Во напад на турско беспилотно летало загинаа тројца членови на Курдистанската работничка партија (ПКК) во северен Ирак доцна во саботата навечер, соопшти во неделата антитерористичката служба на Ирачки Курдистан.

Цел на нападот бил возило во планинска област во близина на северната ирачка провинција Дохук, а меѓу загинатите има и лице идентификувано од службата како „висок функционер на ПКК“, според Ројтерс.

Турција редовно изведува воздушни напади против милитантите на ПКК во северен Ирак и има десетици воени упоришта на ирачка територија.

ПКК започна бунт против Анкара во 1984 година со првична цел да создаде независна курдска држава, а подоцна ги приспособи своите цели на барањата за поголеми права и ограничена автономија на Курдите во југоисточна Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот