Три лица вчера биле каснати од бездомни кучиња

Вчера во полиција три лица пријавиле дека биле каснати од бездомни кучиња во Скопје.
Куче каснал седумдесет и седумгодишен скопјанец на улица „Методија Андонов Ченто“.

„На 17.01.2024 во 13.55 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(77) од Скопје пријавил дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје бил каснат од куче скитник.“

Во близина на депонијата Дрисла куче каснал жител на Батинци.

„На 17.01.2024 во 20.50 часот во Полициската станица Драчево, А.Л.(35) од с.Батинци, Скопско, пријавила дека на пат за Дрисла била касната од куче скитник.“

Четириесет и едногодишен скопјанка била касната од куче кај мостот Беласица.

„На 17.01.2024 во 19.00 часот во Полициската станица Аеродром, К.К.(41) од Скопје пријавила дека на паркинг простор кај мостот Беласица во Скопје била касната од куче скитник“, информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот