ТРГНИ-ЗАСТАНИ: Со 6 патарини од Скопје до грчка граница?!

Нови патарини ќе никнат на македонските автопатишта. На последната седница Владата донесе одлука за висината и начинот на наплата на патарините што ќе бидат поставени на новите автопатни правци Демир Капија – Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе и Свети Николе – Штип.

Овие патарини не се новост, односно беа најавени уште кога почнаа да се градат новите автопатишта. Според најавите од пред две години, на автопатската делица Демир Капија-Смоквица е предвидено да бидат поставени дури три патарини, а на автопатот Миладиновци – Штип е предвидено да бидат поставени две наплатни станици.

Владата по последната седница излезе со скромно соопштение без да прецизира колку ќе бидат цените на новите патарини и колку нови патарини дефинитивно ќе има.

Но сега е веќе извесно дека во блиско време, од Скопје до границата со Грција ќе треба често да се застанува и да се плаќаат патарини. Притоа, ако е во игра првичната најава станува збор за дури 6 патарини! Од Скопје до грчката граница ќе треба да се помине на патарината кај Петровец, кај Велес, кај Росоман и треба да се помине низ новите патарини на автопатот Демир Капија – Смоквица, од кои една веќе се гради.

Прочитајте и...  Болсонаро: Домородците се виновни за пожарите во Амазонија, а медиумите за ширење паника за пандемијата

Од Скопје до Штип, пак, ќе се патува преку 3 патарини.

Од Владата соопштија:

„Владата ја разгледа и ја усвои информацијата согласно која е донесена Одлука за висината и начинот на наплата на надоместокот за употреба на пат, односно на патарината. Оваа одлука се донесува поради воведување наплата на патарина на новите автопатни правци Демир Капија –Гевгелија, Миладиновци – Свети Николе, и Свети Николе – Штип, како и поради можноста за електронска наплата на патарината со електронски бесконтактни смарт-картички и со билети за ненаплатена патарина со налог за плаќање“ – соопшти Владата.

Оттаму информираа и дека за финансирање на Проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини во должина на Коридорот 8 и автопатот Миладиновци – Штип ќе се склучи договор меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.

Прочитајте и...  „Кога ќе се вратам во Црна Гора некој мора во затвор, или Ѓукановиќ или јас“

Инаку, минатата година во државната каса од наплата на патарините се инкасирани 40,5 милиони евра што е за 5 проценти повеќе од претходната година. А во првиот квартал од годинава се наплатени 7,7 милиони евра.

Во моментов низ државава има 9 патарини. Цените за патнички возила се: на делницата Куманово – Миладиновци  – 60 денари, Скопје – Петровец – 40 денари, Петровец – Велес – 80 денари, Велес – Градско – 60 денари, Скопје – Миладиновци – 40 денари, Тетово – Гостивар – 30 денари, Гостивар -Тетово – 30 денари, Скопје – Тетово – 40 денари, Тетово – Скопје – 40 денари.

Вкупната автопатска мрежа во Македонија е долга 270 километри. Со тоа земјава има приближно 11 метри автопат на илјада квадратни километри или околу 130 метри на илјада жители.

Прочитајте и...  Курц одбива „солидарност“ за мигрантите: Европа требаше да извлече поука од 2015 годинa

Од вчера може да се вози по новиот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека е пуштен за сообраќај во двата правца.

Оттаму апелираат до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.

Прочитај повеќе

Белоруската полиција со водени топови растерува илјадници демонстранти во Минск (видео)

Слободен печат

Старт на судски процес на обвинителка контра опозиција: Рускоска претрпела душевна болка од изборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ

Слободен печат

Богат „лов“ на британската полиција: Запленет тон кокаин од „А“ класа во вредност од 128 милиони долари

Слободен печат

Мерки на реципроцитет: Москва го прошири списокот со претставници на ЕУ на кои им забранува влез во Русија

Слободен печат

Реакција на „Твоја Партија“: Субвенционирање на вработувања по националност е дискриминација

Слободен печат

Петти протест на ВМРО-ДПМНЕ: „Мафија“ и „Оставка“ се скандира на рутата од Правда до Кривичен суд

Слободен печат

1 comment

НЕВЕН ГНЕВЕН 07/06/2019 - 06:31 at 06:31

Каква ујдурма се прави. На правец Скопје – Тетово – Гостивар, каде претежно е албанско население, патарината е околу 1 денар од километар, а на другиот дел од Македонија, истата е повеќе од 2 денари. По кој критериум се одредува цената? Ова на друго мириса. Но еден ден, ваквите работи ќе ви се удрат од главата.

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

И официјално: Алекса Бечиќ е избран за нов претседател на црногорскиот Парламент

Слободен печат

Поради прибирање на информации што претставувале државна тајна: Бугарија протера двајца руски дипломати

Слободен печат

Судските такси за физички лица од 48.000 денари се ограничуваат до 6.000 денари

Слободен печат

Овие училишта добија дозвола за физичка настава

Слободен печат

Државата пишува молитви за спас на црквата

Слободен печат

„Џонсон&Џонсон”: Влегуваме во трета фаза на испитувања на вакцината против ковид-19

Слободен печат