Трето полувреме во Париз, челниците на ПСЖ влегле во соблекувалната на судиите

Леонардо и Насер Ал-Келаифи не беа задоволни од судењето на Орсато/фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Претседателот и спортскиот директор на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и Леонардо, не биле задоволни од судењето на Даниеле Орсато на првиот осминафинален натпревар во ЛШ и на полувремето влегле во соблекувалната на судиите за тоа да му го кажат на Италијанецот. Ова го тврди новинарот на радио Марка, Мигел Анхел Торибио.

– Луѓето од УЕФА беа таму – додава Торибио.

Орсато во второто полувреме досуди пенал за ПСЖ кој не го искористи Лионел Меси, односно го голманот на Реал, Тибо Куртоа го одбрани. Реал Мадрид во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ ќе брка негатива од еден гол и тоа без двајца клучни фудбалери, Каземиро кој доби жолт картон во првото и Ферлан Менди кој пожолте во вториот дел.

– Имавме двајца фудбалери на кои им се закануваше суспензија и двајцата пожолтеа. Да бидам искрен, ми изгледаше како судијата да ги „почести“ со картони и тоа му го реков на Орсато. Но, одиме понатаму и во реваншот ќе ги замениме со играчи кои ќе можат да настапат- изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот