Трет ден се гасне пожарот на Јабланица, денеска на терен има и армиски хеликоптери
Два хеликоптери на Армијата на Македонија утрово го гаснат пожарот на планината Јабланица кој трет ден гори во близина на селата Радолишта и Фјеришта, соопшти Центарот за управување со кризи.
Препорачано
-По барање на градоначалникот на Општина Струга, г-дин Менди Ќyра, а во координација со директорот на Центарот за управување со кризи, г-дин Мухамед Али, беа преземени активности за справување со пожарот на планината Јабланица. Поради исклучително непристапниот и тежок планински терен, интервенцијата од копно беше значително отежната, поради што беа ангажирани два хеликоптери на Армијата на Република Северна Македонија, кои обезбедуваат воздушна поддршка во гаснењето на пожарот- велат од ЦУК.
Поради непристапноста на теренот Територијалната противпожарна единица Струга, според командирот, Фети Мазари, побарале помош за гасење од воздух.
– Теренот е непристапен, два дена го гасиме од копно заедно со екипи на Македонски шуми. Вчера побарав од Центарот за управување со кризи помош за гаснење од воздух – изјави Мазари, нагласувајќи дека не постои опасност од зафаќање на селата.
ЦУК соопшти дека во исто време, во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби дејствуваат со копнени сили.
Општина Струга упати апел до граѓаните да покажат максимална внимателност и целосна одговорност.
– Палењето оган во планина, на ниви или на отворен простор е строго забрането. Секое такво дејствие претставува сериозен ризик за природата, имотот и животите на луѓето – соопшти Општина Струга.


