Тренерот на Жирона по големата победа над Барселона: Обезбедивме опстанок, титулата нe ja поставивме како цел

Фото: EPA-EFE/David Borrat

Жирона е вистински хит сезонава во европскиот фудбал, а вчера со победа (2:4) против Барселона го преземеаа лидерското место на табелата по 16 кола.

Сигурно дека и најголемите оптмисти и навивачи не очекуваа дека Жирона по 16 натпревари ќе биде лидер во Ла Лига, веројатно во клубот пред почетокот на сезоната некој да им понудеше излез во Европа и преку Конференциска лига ќе „потпишеа“ со две раце.

Жирона влезе со примерна цела да не испадне од првенството, а сега живеат вистинска бајка.

Тренерот на Жирона, Мичел по натпреварот истакна дека добро е што опстанокот го обезбедиле.

„Добро е, сега имаме 41 бод и обезбедивме опстанок. Титулата секако не ни беше цел пред почетокот на сезоната. Ова што го направивме против Барселона е историја. Секако дека сме задоволни играме убав фудбал и победуваме. Сакаме да рушиме бариери. Дали имаме капацитет да се бориме за титулата ќе видиме во последната третина од сезоната. Дотогаш мора да стоиме цврсто на земја“, изјави Мичел.

Прекинат фудбалски меч во Шпанија, навивач почина на стадионот на Гранада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот