Фото: rk-celje.si

Тренерот на Цеље, Лузар: ГРК Охрид има високи европски амбиции, очекувам тежок и квалитетен натпревар

В сабота од 18.00 часот во Словенија ќе се игра првиот натпревар од ЕХФ Европскиот куп помеѓу ракометните клубови на Цеље и ГРК Охрид.

Овој меч во салата „Златорог“ ќе го судат Босанците Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ, а ЕХФ делегат е Ешреф Беќири од Косово.

Доколку македонскиот претставник излезе како победник во овој двомеч, во финалето ќе игра со Извиѓач од Босна и Херцеговина или унгарската Татабања.

Своите очекувања за првите 60 минути ги сподели тренерот на Цеље, Клемен Лузар кој го пофали тимот на ГРК Охрид:

– Охрид има високи амбиции оваа сезона. Тие го покажуваат тоа и во домашното првенство, двапати го победија, нема да кажам лесно, тимот на Еурофарм Пелистер, кој играше во Лигата на шампионите. Тие исто така загубија од Вардар 1961, кој е навистина силен, само со еден гол разлика оваа година. Имаат многу странци, имаат високи европски амбиции. Играат добар ракомет, но инаку нивната игра се базира на силна одбрана. Затоа очекувам навистина тежок, квалитетен натпревар. Нема да направиме ништо посебно во однос на подготовката за нив. Знаеме дека она што го правиме, го правиме добро. Дека не се прилагодуваме на другите. Исто така, би било тешко со сите овие натпревари што ги имаме во овој ритам. Затоа навистина очекувам спектакл, вистински натпревар и убава саботна вечер – се зборовите на Лузар на клупскиот сајт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот