Фатмир Битиќи / Фото: ТВ21 / скриншот

Треба да се зголеми минималната плата, смета Фатмир Битиќи

Пратеникот на Социјалдемкратскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, вечерва во гостување на ТВ „21“ рече дека е важно да се зголеми минималната плата во државата.

„Да, минималната плата треба да се зголеми. Стопанствениците исто така укажуваа дека е сериозно потребно да се зголеми минималната плата за да се задржат работниците во државата и за да се обезбеди сигурност на луѓето кои се важни за компаниите. Владата треба да интервенира преку различни модели, кои се општо познати и применувани низ светот, бидејќи не може да се штити само едната страна – стопанството. Работниците исто така мора да бидат заштитени“, рече Битиќи.

Тој додаде дека неговата визија е секој работник да добива достоинствена плата, потенцирајќи дека во минатото зголемувањето на минималната плата од 9.000 на 23.000 денари е пример за такви политики.

„Верувам дека секој еден работник заслужува достоинствена плата“, вели Битиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот