Трапановски го запиша првиот гол за Данди јунајтед на стартот од шкотската Премиер лига

фото: instagram.com/dundeeunitedfc

Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски својата одлична гол серија летово ја продолжи во шкотската Премиер лига.

Во новата сезона од шампионатот екипата на Данди јунајтед ремизираше со резултат 2:2 против Данди.

Водство за Данди јунајтед донесе нашиот интернационалец со убав погодок во 13 минута.

Пет минути подоцна израмнија гостите со погодокот на Палмер-Хулден, а предноста за домаќините ја врати Томпсон во 23 минута.

Данди успеа да го избегне поразот во 80 минута од пенал кој го реализираше МекКоуан.

Трапановски настапи до 86 минута, а целиот меч за Данди јунајтед го одигра вториот Македонец во тимот, Давид Бабунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот