Трансродова Британка осудена на осум години затвор поради силување на две жени кога била маж

Илса Брајсон / Фото PA Images / Alamy / Alamy / Profimedia

Трансродова жена е осудена на осум години затвор откако беше прогласена за виновна за силување на две жени, пренесува „Гардијан“.

Исла Брајсон минатиот месец била осудена за силување на две жени – една во Клајдбанк во 2016 година и една во Глазгов во 2019 година – додека сè уште била маж, познат како Адам Греам.

Обвинителите изјавија дека 31-годишната ги запознала своите жртви на интернетот.

Брајсон е осудена на осум години затвор од страна на високиот суд во Единбург. Судијата изјави дека кај Брајсон постои висок ризик од повторен прекршок. Тој додаде дека Брајсон продолжува „жестоко да ги негира“ престапите и тврди дека жртвите „се договарале“ против неа.

Скот призна дека Брајсон се смета за „ранлив на некој начин“ поради негативните искуства од детството, но рече: „Се гледате себеси како жртва во оваа ситуација. А вие не сте. Вашата ранливост воопшто не е оправдување за она што им го направивте на овие две жени.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот