Судење за трагедијата во Кочани

Транспарент со ликовите на загинатите деца во Кочани пред судница – блиските револтирани што никој не призна вина

Голем транспарент со ликовите на загинатите млади луѓе во кочанската трагедија со натпис „63 сенки ќе ве следат, секој поглед бара правда“, ги пречека обвинетите кои со полициски возила се носеа во судницата во Идризово каде треба да се одржи четвртото рочиште од судењето, со воведни говори на обвинетите и нивната одбрана.

Ниту еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не чувствува вина

Дел од блиските на загинатите дојдоа во судницата, а Јулија Златкова, мајка на загинатиот Томас Златков, го изрази нејзиниот револт и гнев што никој од првообвинетите, па и газдата на дискотеката Дејан Јованов – Деко не призна вина.

Газдата на „Пулс“ се расплака во судница: Од срце и душа им изразувам сочувство на блиските на починатите и ние имаме и починат и повреден во семејството

-Многу контрадикторно беше што на минатото рочиште никој од обвинетите не се изјасни за виновен. Зарем треба ние родителите да ги потсетиме зошто тие се наоѓаат во судницата? Никој од нив немаше ни грам совест ни човечност да ја признае својата вина. Ни монструмот, ни син му, ни брат му, ни соучесници дали биле од прв од втор од трет ред, никој не покажа барем човечност, а сите ние знаеме кој е виновен и се надевам дека ќе ја добиеме правдата за нашите убиени деца – изјави Златкова пред медиумите.

Газдата на „Пулс“ се расплака во судница: Од срце и душа им изразувам сочувство на блиските на починатите и ние имаме и починат и повреден во семејството

На минатото рочиште, ниту Деко, ниту другите обвинети не признаа вина, односно рекоа дека не се чувствуваат виновни за кривичните дела што им се ставаат на товар. За трагедијата на обвинителна клупа се 35 физички и три правни лица и се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот