Трансфери, Италија: Каљехон во Фиорентина, Киеза во Јувентус..!

Фото: Твитер

Многу активно на последниот ден од преодниот рок на фудбалскиот трансфер пазар, клубовите се засилуваат пред наредните натпревари во новата натпреварувачка сезона 2020/21.

Како што се најавуваше, тоа денеска го потврди Јувентус, италијанскиот шампион го промовираше Федерико Киеза од Фиорентина.

До 30 јуни 2022 година ќе игра како позајмица во Јуве во вредност од 10 милиони евра, три за сезоната 2020/21 и седум во 2021/22.

А како замена за Киеза во „виолетовите“ е повикан досегашниот играч на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, Хозе Каљехон кој би требало да има договор до јуни 2022 година.

– Валентин Михаила од Универзитатеа Крајова во Парма
– Матео Дармијан на позајмица од Парма во Интер
– Вилан Сиприен на позајмица од Ница во Парма
– Матија Де Шиљо на позајмица од Јувентус во Лион

Даглас Коста на позајмица од Јувентус во Баерн Минхен
– Џастин Клајверт на позајмица од Рома во Лајпциг
– Тјемуе Бакајоко на позајмица од Челси во Наполи
– Никола Калиниќ од Атлетико Мадрид во Верона

Баерн ги промовираше Даглас Коста и Шупо-Мотинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот