Трамп за победата доби честитки од албанските политичари
Албанскиот опозициски пратеник Љуљзим Баша од редот на демократите му ја честиташе на Доналд Трамп за победата и враќањето во Белата куќа.
Препорачано
Преку честитка на платформата Икс, Баша вели дека враќањето на Трамп во Белата куќа е историско и изразува уверување дека односите меѓу САД и Албанија ќе продолжат да се продлабочуваат.
„Срдечни честитки до Доналд Трамп за неговата голема победа и историското политичко враќање во Белата куќа. Сигурен сум дека големото пријателство и сојуз на Албанија со САД ќе се продлабочи, благодарение на цврстата поддршка од американскиот народ. На секој клучен чекор во историјата на нашата нација, Албанците беа благословени од поддршката и пријателството на САД. Да го продолжиме ова прекрасно патување на слободата и демократијата, обединети во нашата вера и посветеност на нашите заеднички вредности и верувања“, напиша Баша на платформата Икс.
Албанскиот премиер Еди Рама исто така на Икс му ја честиташе на Трамп “извонредната победа“.
„Беше вистинска чест да се работи заедно со 46-тиот претседател на Соединетите Држави за зајакнување на врската меѓу нашите две земји. Со нетрпение ја очекувам големата привилегија да работам со 47-ми претседател и понатаму“, напиша Рама на Икс.


