Трамп со чуден поглед кон дипломатијата: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Претседателот Трамп во петокот сугерираше дека САД би можеле да извршат „пријателско преземање“ на Куба, додека администрацијата користи блокада на гориво за да го зголеми притисокот врз комунистичкиот режим во Хавана, објави „Ројтерс“.
Препорачано
– Кубанската влада разговара со нас. Тие се во големи проблеми, како што знаете. Немаат пари, немаат ништо во моментов. Можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба. Многу е можно да завршиме со пријателско преземање на Куба – изјави Трамп.
Трамп воведе блокада на гориво кон островот со извршна наредба на крајот од јануари, со цел да го урне режимот, кој во голема мера зависи од увоз на енергија и храна.
Највисокиот претставник на Обединетите нации за Куба во средата предупреди дека секојдневниот живот на островот „станува кревок“, со зголемен притисок врз здравствениот систем, водоснабдувањето и со дистрибуцијата на храна.
Американски владини претставници, според извештаите, во четвртокот се сретнале со внукот на 94-годишниот поранешен претседател Раул Кастро, кој се смета за фактички лидер на режимот, на маргините на конференција на Карибите на која присуствувал и државниот секретар Марко Рубио.
Трамп: САД и Куба водат разговори и покрај ембаргото за нафта
Внукот на Кастро, Раул Гиљермо Родригез Кастро, му служи како телохранител на својот дедо и се верува дека раководи со конгломератот на кубанските вооружени сили, познат како ГАЕСА, кој контролира голем дел од економијата на островот
„Мајами хералд“ објави дека во 2024 година ГАЕСА располагал со околу 18 милијарди долари во средства и со непознати банкарски сметки.
Кубанската влада наводно има резерви од гориво за уште шест до седум недели пред да се соочи со голем прекин на електричната енергија.
Изјавите на Трамп доаѓаат по смртоносниот инцидент во средата меѓу кубанската крајбрежна стража и група американски државјани, лица со постојан престој и носители на визи. Најмалку четиримина на брод биле убиени, а други биле ранети, приведени и обвинети за „тероризам“ против островот.
И двете влади дадоа изјави што изгледа имаат цел да ги смират тензиите околу инцидентот, нагласувајќи дека соработуваат во разјаснувањето на инцидентот.
Кои биле напаѓачите од Америка што пукале врз кубанските војници?


