Фото: Flickr / International Campaign to Abolish Nuclear Weapons

Трамп: САД ќе продолжат со нуклеарните тестови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека САД ќе продолжат со нуклеарните тестови, не исклучувајќи ја можноста за подземни тестови.

Трамп не одговори директно на прашањата од новинарите во претседателскиот авион на пат кон Флорида за тоа дали тој ќе ги вклучи традиционалните подземни нуклеарни тестови што беа вообичаени за време на Студената војна, објави Ен-Би-Си.

„Наскоро ќе дознаете, но ќе направиме некои тестирања“, рече Трамп.

Трамп во четврток изјави дека ѝ наредил на американската војска веднаш да го рестартира процесот на тестирање на нуклеарно оружје по 33-годишна пауза.

Ниедна нуклеарна сила, освен Северна Кореја во 2017 година, не спровела експлозивни нуклеарни тестови повеќе од 25 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот