Фото: EPA-EFE/Shawn Thew

Трамп објави фотомонтажа со свој хотел на Гренланд (ФОТО)

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави фотомонтажа на свој хотел на Гренланд, откако потврди дека неговата администрација е заинтересирана за купување на Островот.

Фотомонтажата е објавена откако премиерката на Данска и на Гренланд, Мете Фредериксен и Ким Киелсен изјавија дека полуавтономната данска територија не е на продажба.

– Ветувам дека нема да го направам ова на Гренланд, напиша американскиот претседател на фотомонтажата на која е прикажан златен облакодер на кој пишува „Трамп” помеѓу населба од гренландски куќи.

По објавата на Трамп, Киелсен напиша „никој не смее да одлучува за нас, мораме да бидеме почитувани, а нашите интереси секогаш мора да бидат најважни”.

Трамп во неделата потврди дека САД се заинтересирани за купување на најголемиот остров во свет. Вашингтон и во минатиот век се обидуваше да го купи Гренланд, но Данска одби.

Гренланд е независна територија, додека Данска управува со неговата надворешна, одбранбена и монетарна политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот