Трамп во Јапонија со премиерката Санае Такаичи/Фото: ANDREW CABALLERO-REYNOLDS / AFP / Profimedia

Трамп ја повика јапонската премиерка да избегнува провоцирање на Кина поради проблемот со Тајван

Американскиот претседател Доналд Трамп оваа недела ја советувал јапонската премиерка Санае Такаичи да избегнува провоцирање на Кина по прашањето за суверенитетот на Тајван, објави „Волстрит џурнал“ вчера, повикувајќи се на јапонски претставници и извор од американската влада.

Трамп разговараше со Такаичи по телефонскиот разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, кој долго зборуваше – речиси половина од разговорот – за Тајван, кој Пекинг го смета за кинеска покраина.

Извори на новинската агенција Ројтерс во јапонската влада информирани за ова прашање потврдија дека американскиот претседател ja повикал премиерката на архипелагот да избегне понатамошна ескалација.

Такаичи го предизвика најголемиот дипломатски спор со Пекинг во последниве години со коментарите во парламентот овој месец дека хипотетички кинески напад врз Тајван би можел да предизвика јапонска воена акција, предизвикувајќи бес во Пекинг, пишува Јapan times.

Во телефонскиот разговор со Такаичи во вторникот, Трамп рече дека не сака да види понатамошна ескалација, рекоа двајцата јапонски владини извори, кои побараа анонимност поради чувствителноста на прашањето.

Трамп не упати никакви конкретни барања до Такаичи, сепак, рече еден од изворите, сугерирајќи дека тој не го повторил повикот на Пекинг за повлекување на коментарите. Јапонија не понудила такво нешто, велејќи наместо тоа дека коментарите одразуваат долгогодишна политика.

Главниот секретар на кабинетот на Јапонија, Минору Кихара, денеска одби да коментира за извештаите.

Некои претставници во Токио долго време се загрижени дека Трамп можеби е подготвен да ја ослабне поддршката за Тајван во потрага по трговски договор со Кина, потег што може да го охрабри Пекинг и да предизвика конфликт во Источна Азија.

„За Трамп, најважни се односите меѓу САД и Кина“, рече Казухиро Маеџима, професор по американска политика на Универзитетот Софија. „Јапонија отсекогаш била третирана како алатка или карта за управување со тој однос.“

Телефонскиот разговор на Трамп со Такаичи веднаш следеше по друг со Си Џинпинг, во кој кинескиот претседател рече дека „враќањето на Тајван во Кина“ е клучен дел од визијата на Пекинг за светскиот поредок, соопшти официјалната новинска агенција Синхуа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот