Трамп ја пофали одлуката на ДеСантис да го поддржи во претседателската трка

Рон ДеСантис и Доналд Трамп/ Фото EPA-EFE/DAN ANDERSON

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето задоволство што ја добил поддршката од гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис во трката за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во земјата во ноември.

-Голема чест ми е што ја имам неговата поддршка. Со нетрпение очекувам да работам со него за да го победиме Џо Бајден, кој е најлошиот и најкорумпираниот претседател во историјата на нашата земја, изјави Трамп.

ДеСантис вчера попладне на социјалната мрежа „Х“ објави дека се повлекува од трката и стои зад Трамп.

Рон ДеСантис се повлече од претседателската трка во САД и го поддржа Трамп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот