Трамп или Бајден, кој ќе биде следниот претседател на САД?

Во трката за претседател на САД според предвидувањето на професорот Ален Лихтман победува Џо Бајден, а според методологијата на професорот Хемлут Норпот победува Доналд Трамп, објави Глас на Америка.

Во трката за претседател на САД според предвидувањето на професорот Ален Лихтман победува Џо Бајден, а според методологијата на професорот Хемлут Норпот победува Доналд Трамп, објави Глас на Америка.

Врз основа на нивните модели за предвидување, тие успешно ги предвидоа победниците на претходните избори.

Ален Лихтман, професор по историја на Американскиот универзитет во Вашингтон, предвидува дека Бајден ќе победи. Тој користи серија од 13 „клучеви“ во форма на прашања со одговори „вистинити“ и „лажни“. Одговорот „точен“ му носи поен на актуелниот претседател, а одговорот „неточен“ на неговиот ривал.

Клучевите предвидуваат дека кандидатот со најмногу поени ќе победи на изборите, а во случајов тоа е Бајден. Лихтман вели дека неговата прогноза се сменила по пандемијата и масовните социјални немири по смртта на Џорџ Флојд.

– За само неколку месеци, Доналд Трамп и републиканците од скоро сигурна победа каде само четири клучеви беа против нив дојдоа до предвиден пораз со седум клучеви – еден повеќе отколку што е потребно за да се предвиди нивниот пораз – вели американскиот професор за Гласот на Америка.

Тој додава дека нема повторно да ја смени прогнозата, но дека постојат два фактори кои лежат надвор од доменот на клучевите: задушување на гласовите и мешање во изборите.

– Републиканската база ја сочинуваат постари бели мажи како мене – и тоа е делот на гласачкото тело што најмногу се смалува – вели Лихтман, кој е регистриран демократ.

Лихтман е загрижен и за интервенцијата на странските актери за време на американските избори.

– Знаеме дека Русите ќе се вратат и можеби дури и посилни, затоа што научија многу од 2016 година – вели Лихтман и посочува дека Доналд Трамп ќе ја поздрави и користи секоја руска интервенција за која смета дека ќе му помогне да победи.

Од друга страна, Хелмут Норпот, професор по политички науки на државниот универзитет во Њујорк во Стони Брук, е убеден дека Трамп ќе победи.

Норпот заклучи, користејќи ја методологијата „примарен модел“, дека претседателот има 91 процент шанса за повторен избор, а Бајден има девет проценти можност за победа.

Примарниот модел на Норпот користи статистичка претстава на американските претседателски трки со една клучна мерка – важноста на предвремените претседателски први избори.

Норпот не предвидува дали Трамп ќе освои најдиректни гласови оваа година, но тој предвидува дека ќе добие 363 гласови, а Бајден 175.

– Жeивееме во ера на таканаречената „култура на поништување“, кога на луѓето им се суди на социјалните медиуми. Некои можеби не се подготвени да признаат дека го поддржуваат Доналд Трамп затоа што тоа на многу луѓе не би им се допанало – вели тој.

Норпот вели дека ниту пандемијата ниту протестите „Животот на црнците е важен“ имаат никакво влијание врз неговата проекција и тврди дека сегашниот претседател со значително подобар резултат на првичните избори од неговиот противкандидат никогаш не ги изгубил изборите.

– Тој е врежан во камен – вели Норпот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот