Трамп и се закани на Европа со нови такси поради Харли-Дејвидсон

фото EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп и се закани на Европа со нови такси поради нејзиниот „неправеден” третман кон производителот на мотоцикли Харли-Дејвидсон.

Тој реагираше на најновите податоци на компанијата за намалување на приходите во првиот квартал од 2019 година.

– Харли Дејвидсон се бореше со таксите од ЕУ и моментно за тоа плаќа 31 отсто. Мораа да го префрлат производството во странство за да се обидат да надополнат дел од загубата од тие такси со кои се погодени и кои ќе се зголемат на 66 отсто во јуни 2021 година. Толку нечесно кон САД. Ќе возвратиме! – напиша Трамп на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот