Трамп го назначи гувернерот на Луизијана за специјален пратеник за Гренланд
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера преку Трут Сошал објави дека го именува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, републиканец, за специјален пратеник на Белата куќа за Гренланд, пренесува Ројтерс.
Препорачано
„Џеф разбира колку Гренланд е суштински за нашата национална безбедност и енергично ќе ги унапредува интересите на нашата земја за безбедноста и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша републиканскиот лидер.
Белата куќа и Канцеларијата на премиерот на Гренланд не одговорија веднаш на барањата за коментар.
Лендри, кој ја презеде функцијата гувернер на Луизијана во јануари 2024 година, му се заблагодари на Трамп на Икс, велејќи: „Чест ми е да служам … на оваа волонтерска позиција за да го направам Гренланд дел од САД. Ова во никој случај не влијае на мојата позиција како гувернер на Луизијана!“
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник на Гренланд го одразува континуираниот американски интерес за арктичкиот остров, изјави денеска данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.
„Именувањето го потврдува континуираниот американски интерес за Гренланд. Сепак, инсистираме дека сите – вклучувајќи ги и САД – мора да покажат почитување на територијалниот интегритет на Кралството Данска“, нагласи Расмусен во соопштение објавено преку мејл.
Џеф Ландри, кој ја презеде функцијата гувернер на Луизијана во јануари 2024 година, му се заблагодари на Трамп преку X, велејќи: „Чест ми е да служам… на оваа волонтерска позиција за да го направам Гренланд дел од Соединетите Американски Држави. Ова во никој случај не влијае на мојата позиција како гувернер на Луизијана!“
Трамп неколку пати во текот на годините изјави дека Гренланд, данска територија која во голема мера се управува сама, треба да стане дел од Соединетите Американски Држави, наведувајќи безбедносни причини и интерес за минералните ресурси на островот. Ландри ја пофали идејата претходно оваа година.
„Претседателот Доналд Џ. Трамп е апсолутно во право!“ напиша Ландри во објава на 9 јануари на Икс. „Треба да се осигураме дека Гренланд ќе се придружи на Соединетите Американски Држави. ОДЛИЧНО за нив, ОДЛИЧНО за нас! Ајде да го направиме тоа!“
Гренланд и Данска постојано ја отфрлаат идејата.
Иако САД и Гренланд овој месец ветија дека ќе покажат „меѓусебно почитување“, министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотцфелд, изјави дека коментарите на САД за Гренланд создале несигурност кај локалното население и ја нагласи потребата отворено да се разговара со САД.
„Нашата земја и САД соработуваат 80 години врз основа на заеднички интереси. Потребно е да се врати довербата за да можеме да продолжиме со добрата соработка“, го цитираше локалниот весник „Сермицијак“ Мотцфелд на 8 декември.


