Трамп го менува директорот на американската тајна служба

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп го менува директорот на американската тајна служба Рандолф „Текс” Алес, пренесува „CNN“

Како што информираат медиуми, Алес бил замолен да ја напушти својата позиција.

Директор на тајната служба директно и одговараше на министерката за внатрешна безбедност Кирстен Нилсен, која поднесе оставка во неделата.

– Во втората најголема национална агенција за безбедност, се случува систематско чистење – изјави неименуван висок официјален претставник за „CNN“

Белата куќа во април 2017 година го постави пензионираниот генерал-мајорот маринецот Рандолф Алес за нов директор на Тајната служба на САД.

Алес беше во маринците 35 години, а беше и заменик комесар на граничната и царинската заштита.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот