Доналд Трамп / Фото: AMIT LAVEE/World Economic Forum / Avalon / Profimedia

Трамп ги одложи сите напади врз иранските електрани

Американскиот претседател Доналд Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани откако имал „добри и продуктивни разговори“ со режимот во Техеран. Како што наведува Ројтерс, Трамп ѝ наредил на американската војска да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура за пет дена.

Потегот на Трамп следеше по заканата од Иран дека ќе ги нападне израелските електрани и оние што ги снабдуваат американските бази низ регионот на Персискиот Залив доколку САД ја нападнат енергетската мрежа на Иран.

„Сакам да известам дека САД и земјата Иран, во последните два дена, имаа многу добри и продуктивни разговори во врска со потполно и тотално решавање на нашите непријателства на Блискиот Исток. Врз основа на тонот и содржината на овие длабоки, детални и конструктивни разговори, кои ќе продолжат во текот на неделата, му наложив на Министерството за војна да ги одложи сите воени напади против иранските електрани и енергетската инфраструктура за период од пет дена, во зависност од успехот на тековните состаноци и дискусии – напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут Соушл“.

Странски бродови можат да минуваат низ Ормускиот теснец со одобрение од Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот