Трајковски и Стајиќ во дресот на КК Пелистер

фото: kfsm.mk

Екипата од Битола има високи амбиции и ангажираше двајца играчи кои се дел од најдобрата македонска репрезентација.

Следната натпреварувачка сезона во првенството се очекува да биде уште поинтересна, а тоа го најавува кошаркарскиот клуб Пелистер.

Екипата од Битола има високи амбиции и ангажираше двајца играчи кои се дел од најдобрата македонска репрезентација.

Нови имиња во составот на КК Пелистер се крилниот центар Бојан Трајковски и плејмејкерот Бобан Стајиќ.

33-годишниот Трајковски во својата кариера беше дел од Балкан Стил, Работнички, Фени Индустри, Торус, Лирија, Чарни Слупск (Полска), Сигал Приштина (Косово), Куманово, Карпош Соколи, МЗТ Скопје Аеродром, Атомерому (Унгарија), Гостивар и Кожуф.

26-годишниот Стајиќ досега ги бранеше боите на Лирија, МЗТ Скопје Аеродром, Фени Индустри, Куманово, Работнички и Кожуф.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот