Tрајковски го испрати Рактиќ во пенизја: Беше привилегија да се дели теренот со тебе!
Хрватскиот фудбалски ветеран Иван Ракитиќ официјално стави крај на својата играчка кариера, оставајќи зад себе богата ризница од успеси со клубови како Барселона, Севиља и хрватската репрезентација. Помеѓу првите кои се огласија по објавата на Ракитиќ беше и македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски.
Препорачано
Двајцата ја делеа соблекувалната во Хајдук Сплит во последната сезона и таму очигледно станале и добри пријатели. Трајковски не ја криеше својата почит кон поранешниот хрватски репрезентативец и му се заблагодари со силна и емотивна порака на социјалните мрежи:
„Денешот ден не е обичен бидејќи означува крај на едно убаво поглавје од твојот живот. Денес го напушташ теренот како фудбалер, но со себе го носиш она што низ годините секогаш го даваше: Страста, верноста, жртвите – и над сè, класата, на теренот и надвор од него.
За мене беше привилегија да се дели оваа година со тебе и многу научив, не само како соиграч, туку и како човек. Ме прими како брат и направи да се чувствувам посебен. Ти честитам на кариерата која ја изгради и на целите кои ги постигна. Денес престануваш да играш, но никогаш нема да престанеш да бидеш пример за сите нас. Среќно во се што те чека.“
Според најавите од хрватските медиуми, Ракитиќ веднаш ќе започне да работи во стручниот штаб на сплитскиот клуб.


