Трагичен крај на потрагата по 29-годишното момче од Дабиле, пожарникарите го пронајдоа безживотното тело

Фото: Фејсбук

Тим на струмичките пожарникари денеска го пронајде и извлече телото на М.П.(29) од село Дабиле, кој на 16-ти овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Веста ја соопшти ТППЕ Струмица на својата фејсбук страница, откако утрово нивниот тим се вклучи во потрагата по исчезнатото момче.

Завчера во потрагата се вклучија и жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонари ја пребаруваа браната. Како што беше објавено на нивната фексубк страница, сонарите детектирале објект во водата, а денеска со помош на пожарникарите е извлечено телото на удавеното момче.

Инаку, на 16 јули во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13:00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот