Трагедија во семејство од Калифорнија: Поради теорија на заговор таткото си ги убил двете деца

Семејството на сурферот Колман/ Фото: Инстаграм: lovewater_surf

Сопственикот на училиштето за сурфање од Калифорнија кој е обвинет за убиство на своите две мали деца во Мексико е следбеник на теоријата на заговор на Куанон и Илуминатите, кои го убедиле таткото дека дечињата ќе „израснат во чудовишта“ и затоа тој морал да ги убие, соопштија ФБИ, пренесува Ен-Би-Си њуз. 

Метју Тејлор Колман (40) во средата беше обвинет за убиство на американски државјани во странство – неговиот двегодишен син и 10-месечната ќерка. Властите велат дека Колман признал дека ги извршил убиствата.  

Тој неколку пати со харпун ги прободел своите деца. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lovewater Surf Co. (@lovewater_surf)

Сопругата на Колман, која не е именувана, ја повикала полицијата откако таткото ги извадил децата надвор во саботата, а не и кажал на неа каде одат. Таа била загрижена откако тој не и враќал на пораките по што таа се јавила во полиција.  Таа во неделата пријавила исчезнати лица, а полицијата од неа побарала преку „Ејпл“ опцијата на нејзиниот телефон да ја пронајде локацијата на својот сопруг. Апликацијата покажала дека Колман се наоѓа во Росарита во Мексико. 

Полицијата ги повикала ФБИ поради можното убиство на децата од страна на родителот, а Колман во понеделникот беше уапсен, откако во возилото пронашле крв, а децата ги немало. 

Комбето на таткото кој ги убил своите деца / Фото : Screenshot CBS News

Децата ги пронашол локален фармер кој изјавил дека бил „уплашен, тажен и во солзи“ кога ги видел телата на децата покриени во пелени. 

Како што се наведува во тужбата, Колман рекол дека бил свесен за тоа што го направил и дека тој згрешил. Тој изјавил дека тоа бил „единствен начин за да се спаси светот“. „Змиска ДНК“ најверојатно се однесува на теоријата на заговор за „луѓето гуштери“ кои тврдат дека вонземјаните рептили управуваат со светот и преземаат важна функција во владите, банкарството и Холивуд. 

Колман тврди дека за „змиска ДНК“ дознал преку теориите на заговор на „Куанон“ и Илуминатите, иако таа теорија е стара со децении. 

Ова не е единствениот фатален случај поврзан со ваквите теории. Во САД луѓето се често мета на вакви теории на заговор, каде најчесто извршуваат вакви нечовечки потези. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот