Трагедија во САД: Татко ги заборавил децата во зажарен камион и заспал – починаа од топлотен шок

epa08476932 A police car blocks traffic near Lafayette Park in Washington, DC, USA, 10 June 2020. Work crews have started to remove the fencing that was erected around the White House grounds and Lafayette Square during the protests over the death of George Floyd in police custody. EPA-EFE/SHAWN THEW

Денис во полицијата објасни дека мислел дека ги извадил децата од камионот.

Дастин Денис (31) од американската сојузна држава Оклахома е уапсен по две точки убиство од втор степен откако полицијата утврди дека ги оставил своите две мали деца во врел камион цели пет часа.

Според полициската станица Тулса, Денис рекол дека во саботата попладне ги однел своите две деца од 3 и 4 години во продавница. По враќањето дома, Денис отспал четири до пет часа. Откако се разбудил не можел да си ги најде децата во куќата. Увидел што се случило кога погледнал во камионот.

Денис во полицијата објасни дека мислел дека ги извадил децата од камионот.

Кауција од 750.000 долари

На снимките од надзорните камери од соседните куќи се гледа како Денис излегува од камионот и без деца влегува во куќата. Потоа никој, во наредните 5 часа не проверил како се децата кои останале заклучени во возилото, објави Си Ен Ен.

На Денис му е одредена кауција од 750.000 долари, и треба да се појави на суд на 19 јуни.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот