Трагедија во Кичево: Загинаа две средношколки во несреќа со мотор

Голема трагедија ги потресе кичевчани. Две 16-годишни девојчиња од овој град загинаа во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на селото Колибар. Веста за загубата на животите на двете млади девојчиња ја објави средното училиште „Дрита“ во Кичево.

Според информациите се работи за Ериона Рамадани и Албина Абази, кои загинале по несреќа со мотор, пренесуваат албанските медиуми.

Управата и вработените на училиштето објавија соопштение со сочувство, нагласувајќи дека загубата на двете ученички длабоко ги погодила сите и дека срцата на учениците и наставниците се исполнети со болка, пренесе Лајм.

„Со длабока тага и потресени срца, ја примивме веста за трагичната загуба на нашите две сакани ученички, Ериона Рамадани и Албина Абази. Нивната загуба длабоко допре до секој од нашето училиште и остави незаменлива празнина во нашите срца“, се вели во објавата од средното училиште „Дрита“.

Пораки со сочувство и тага споделуваат и учениците на училиштето, изразувајќи им сочувство на семејствата на загинатите девојчиња.

„Нека е вечен споменот на Ериона и Албина! Нека почиваат во мир!“ – завршува пораката на СОУ „Дрита“ – Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот